
Нашите предавачи
Нашите предавачи носат уникатна комбинација од искуство, вештина и посветеност на програмата, што ги прави идеални за водење и инспирирање на младите претприемачи. Со години практично искуство во своите индустрии, тие ги разбираат реалните предизвици и можности во бизнисот и можат да понудат практични сознанија кои одат подалеку од теоријата. Нивната експертиза во области како маркетинг, финансии и лидерство гарантира дека учениците не само што ќе ги совладаат основите, туку и ќе стекнат напредни вештини неопходни за разбирање на претприемачкиот свет.
Она што навистина ги издвојува нашите предавачи е нивната усогласеност со целите на програмата. Тие не се само успешни професионалци, туку и посветени едукатори кои ја разбираат важноста на поддршката и развојот на младите умови. Нивниот пристап кон наставата е внимателно осмислен за да биде ангажирачки и релевантен, нудејќи содржина која е и соодветна за возраста и интелектуално стимулирачка. Преку поттикнување на креативноста, критичкото размислување и истражувањето, тие им помагаат на учениците да изградат самодоверба и вештини потребни за успех како идни претприемачи. Со нивното водство, нашите ученици стекнуваат алатки за да ги претворат своите идеи во вистински деловни проекти.

Елена Хаџи Пецова, мајка на Ирис и Бела
Главен предавач
Здраво!
Јас сум Елена! Со повеќе од 15 години искуство како консултант во областа на деловната поддршка, инвеститор и претприемач, имав привилегија да им помогнам на безброј бизниси и стартапи да растат, да ги надминат предизвиците и да напредуваат во конкурентни пазари. Мојата страст за претприемништвото отсекогаш била моќна движечка сила, и низ текот на мојата кариера, ја сведочев трансформативната моќ што ја носат креативноста, иновацијата и лидерството врз поединците и заедниците.
Сега, возбудена сум што моето внимание го насочувам кон следната генерација – нашите идни основачи и креатори. Верувам дека поттикнувањето на претприемачкиот дух кај децата е еден од најдобрите начини да им се овозможи да стекнат вештини и начин на размислување што ќе им бидат потребни за да успеат во свет кој постојано се менува. Затоа сум посветена на овие претприемачки програми за деца и млади, каде што тие ќе можат да го истражуваат својот потенцијал, да учат вредни животни вештини и, најважно, да се забавуваат додека го прават тоа!
Кој знае, можеби токму некој од тие мали, големи умови ќе го промени човештвото на подобро.
Преку овие програми, заедно со мојот тим имам за цел да ги оспособам децата и младите да размислуваат критички, да решаваат проблеми и да ги претворат своите големи идеи во реални проекти, а родителите да ги оспособам да ги поддржат во тоа.
Подолу дел од мојата биографија...
Елена Хаџи Пецова е менаџер на CEED Hub Skopje, координатор на CEED Business Angels Club со кој е член на EBAN (European Business Angel Network) и член на Извршниот одбор на Фондацијата CEED Македонија. Со над 15 години искуство во поддршка на бизниси, таа е активен градител на стартап екосистемот во Македонија, води програми за инвестициона подготвеност, пред-акцелерација и акцелерација, како и процеси за финансиска и нефинансиска поддршка на стартапи.
Покрај тоа, Елена е сертифициран консултант за стартапи од EBRD (Cambridge Methodology) и обучувач за Impact Management and Measurement методологија (EVPA). Како консултант на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), таа има работено со повеќе од 200 компании во областа на корпоративни иновации, пристап до финансии и развој на бизнис модели, помагајќи им да обезбедат финансиска поддршка за своите иновативни проекти. Иницијатор и основач на македонското учество во регионалната мрежа за поврзување на стартапи и инвеститори – ADRIATIC INVESTORS.
Со долгогодишно искуство во управување со проекти, менторство, инвестициско посредување и развој на пазарен пристап, Елена активно придонесува кон создавање одржлива и динамична претприемачка заедница. Како предавач и главен фасилитатор во повеќе меѓународни и локални програми, таа соработувала со над 40 странски експерти, споделувајќи знаење и поттикнувајќи раст на нови генерации претприемачи.
Виктор Митевски, вујко на Павел и Петра
Главен предавач
Виктор Митевски е економист, стартап коуч и ментор со долгогодишно искуство во поддршка на претприемачи и развој на бизнис екосистемот. Извршен директор на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ и коосновач на Startup Academy, каде што менторирал повеќе од 70 млади претприемачи во развојот на нивните бизнис идеи.
Работел како консултант за Обединетите Нации (UNFPA) и Светска банка, фокусирајќи се на економски анализи, јавни финансии и политики за одржлив развој. Неговото искуство вклучува работа со државни институции во областите на економска стратегија, отворени податоци и иновации. Тој е поранешен советник на Министер за финансии.
Стекнал магистерска диплома по применета економија од Texas A&M University и активно придонесува кон создавање претприемничка средина преку тренинзи, менторство и стратешки анализи.

Јана Џеков, мајка на Илин
Главен Предавач

Јана е специјалист за човечки ресурси со долгогодишно искуство во талент менаџмент, регрутација, организациски развој и обука на вработени. Работи како HR специјалист и е одговорна за процесите на вработување, развој на човечкиот капитал и имплементација на HR стратегии за подобрување на ангажираноста и продуктивноста на тимот.
Покрај работата во областа на човечките ресурси, Јана има значајно искуство во образованието и работа со деца. Била професор по англиски јазик во приватното училиште IPS, како и активен предавач и претприемач во семејниот бизнис – Училиште за англиски јазик, каде што работела на наставни методологии и креативни пристапи во учењето.
Јана е магистер по европски студии за интеграција и комуникации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а дополнително се усовршила во областа на дигиталниот маркетинг преку програмата на Semos Digital Marketing Academy.
Нејзината кариера претставува уникатна комбинација на човечки ресурси, едукација и комуникација, што ѝ овозможува да даде значаен придонес во развојот на младите кадри, корпоративната комуникација и образовните процеси.
Деспина Стојановска, мајка на Борјана и Калина
Главен Предавач
Деспина Стојановска е психолог и психотерапевт со долгогодишно искуство во работа со деца, родители и ранливи заедници. Нејзината практика опфаќа индивидуална, семејна и групна терапија, со фокус на личен развој, психолошка поддршка и ментално здравје.
Таа е носител на најзначајната европска лиценца за психотерапија, што ја позиционира како еден од водечките професионалци во својата област. Нејзината работа е особено насочена кон превенција и интервенција кај децата и младите, а активно соработува со родители за подобрување на семејната динамика и родителските вештини.
Деспина е дипломиран психолог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и магистрант по Комуникации. Поседува сертификат за Професионален обучувач на возрасни издаден од МОН. Во областа на психотерапија завршила Интегративен пристап, Трансакциска анализа и Системска и семејна психотерапија. Моментално е тренер по СС Психотерапија. Таа е редовен гостин во медиумите на теми поврзани со психологијата. Во изминатите години работела како психотерапевт, обучувач и тренер во организации како Хопс, Прв семеен центар на град Скопје, СОС Детско Село, Комора на психолози, Нансен дијалог центар, каде што одржува обуки за ментално здравје, справување со стрес, личен развој и тимска работа. Како дел од кампањата против врсничко насилство, таа се залага за подигнување на свеста, едукација и креирање безбедна средина за децата. Со својот посветен пристап, широка експертиза и долгогодишно искуство, таа активно работи на подобрување на менталното здравје, личниот раст и психолошката благосостојба на децата, младите и нивните семејства.

ГОСТИ ПРЕДАВАЧИ
-
Катерина Динева - Мајка на Кира и Деа; Директор за финансии, Аутомотив Груп
-
Климент Глигоров - Татко на Јана и Иво, Директор на продажба, Македонија Осигурување
-
Бојан Георгиевски - Вујко на Давид и Дијана, Сопственик на ДИМА Шпедиција и Акантус
-
Спасе Спасески - Татко на Петар; Сопственик на АСП ПАК
-
Кристијан Стефановски - Сопственик на Scoop Artisan Gelato
-
Борјан Тошевски - Татко на Кјара и Тамара; Сопственик на Приматекс
-
Менче Стојановска - Мајка на Михајло; Наставник по македонски јазик
-
Јасмина Пешева - Мајка на Иван, Ангелина и Христина; Сопственик на маркетинг агенција Република
-
Бојан Јаневски - Татко на Теона и Максим; Регионален Менаџер за операции, Индитекс
-
Игор Довезенски - Татко на Косара, Ксенија и Петар; Сопственик на Буџинкан Македонија