top of page
dark blue background simple minimal .jpg

ШКОЛО ЗА БИЗНИС
ЗА ДЕЦА И ТИНЕЈЏЕРИ

Ние не ја предвидуваме иднината - ние ја креираме!

Оспособување на следната генерација претприемачи:
Забавни, практични претприемачки програми за креативни млади умови.

АКТУЕЛНО:
                           ПРЕТПРИЕМАЧКИ НИНЏА КАМП
                           6-12 ЈУЛИ 2026

cover slika.jpg

Зошто претприемачки нинџа камп? Зошто ги спојуваме овие две работи, претприемништво и нинџа вештини?

Затоа што секое дете и секој човек за да биде успешен во животот треба да ги развива особините за ДИСЦИПЛИНА, ИСТРАЈНОСТ, ФОКУС, ХУМАНОСТ И БЛАГОРОДНОСТ.

Токму овие вештини ќе ги УЧИМЕ ОД НАЈДОБРИТЕ – БУЏИНКАН МАКЕДОНИЈА!

Имаме можност 7 дена да поминеме со нинџите во природа. Нинџите ни ги отворија вратите да влеземе во нивниот свет и да искусиме што значи да бидеш посветен на својата животна цел.

Ќе имаме можност да ги вежбаме автентичните нинџа техники, секој со својата умешност.

Да јадеме органски и здрави јадења исклучиво одгледани локално.

Цената е 300 еур. Пријавување до 10 јуни.

Во текот на седумте дена, децата ќе престојуваат во безбедна средина, под постојан надзор на искусни инструктори, каде ќе искусуваат и учат за:

- претприемачки проекти

- претприемачки предизвици

- дисциплина и одговорност

- грижа за себе и за другите

- тимска работа и самодоверба

- почит кон природата и луѓето

- основи на традиционалните боречки вештини

- љубов кон татковината

Покрај тренинзите, кампот е исполнет со авантури, игри, експедиции, вечерни активности и незаборавни моменти кои децата ги паметат со години.

Нашата цел не е децата само да поминат седум убави дена, туку од кампот да си заминат со знаење, искуства, вредности и спомени што ќе ги носат со себе целиот живот.

Кампот е отворен за сите дечиња, без разлика дали се членови на LittleBig Founders или Буџинкан Македонија и без разлика дали вежбаат боречки вештини.

Повеќе за камповите на Буџинкан Македонија може да следите на оваа фејсбук страница: https://www.facebook.com/bujinkan.macedonia.ninjakids

А сега одговорите на најчесто поставуваните прашања:

Првото прашање гласи: „Каде се наоѓа кампот?“

- Сместен во идеално чиста и еколошка средина, 25 километри до најблискиот град, во подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река.

Второто прашање е: „Што ќе се случува на кампот?“

- Нема доволно простор да се опише. Ќе биде вистинска уживанција. Ќе спиеме во доџо, ќе правиме претприемачки проекти, ќе вежбаме некоја од нинџа школите кои ги претставуваме, ќе јадеме здрава органска храна, ќе се капеме во река, ќе уживаме во разни игри, ќе имаме ноќни нинџа акции, ќе се маскираме, ќе пееме седнати околу логорски оган.

Трето прашање: „Кој ќе се грижи за нашите деца?“

- Инстукторите на LittleBig Founders и Буџинкан Македонија: Елена Хаџи Пецова, Јана Макариевска, Семпаи Таки Гаковски и Кохаи Косара Довезенска, заедно со водачот на Буџинкан Македонија – Игор Довезенски и неговото семејство. Сите тие ќе бидат постојано со дечињата во текот на целиот камп. Семпаи Таки ќе бдее постојано над момчињата, додека Кохаи Косара над девојчињата, а сите заедно ќе се погрижиме вашите деца да уживаат во убавините на природата што не опкружува.

Четврто прашање е: „Колку чини кампот, кога ќе се одржи и што нашите дечиња добиваат за таа цена?“

- Кампот се одржува од 6 до 12 јули. Седум дена односно шест ноќевања. Цената изнесува 300 евра за плаќање до 1 јули или 350 евра за плаќање до почетокот на самиот настан. Во неа е вклучен превозот, престојот, храната, тренинзите односно Вие како родители немате потреба да потрошите ниту денар повеќе од предвидената сума. Во случај на откажување на аранжманот поради било која причина, половина од сумата се враќа назад.

Во нашиот камп има три домашно зготвени оброци на ден и две вкусни ужинки. Храната е свежа и органска и се бере истиот ден од градината на Хомбу доџото, а која се сади и одгледува во текот на целата година специјално само за камповите за деца наБуџинкан Македонија. Оброците се јадат на голема заедничка маса на која седат сите учесници на кампот, вклучувајќи ги и организаторите. Водата за пиење е од извор кој што се наоѓа во самиот двор на Хомбу-то и е испитана на Институтот за Хемија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа не само што е сосема исправна за пиење, туку е богата со минерали кои се добри за здравјето на човекот.

Последно прашање: „Дали постои некаква опасност за здравјето на нашите дечиња?“

- Постои, во иста мера како што постои и додека дечињата се со вас пред вашата зграда или во вашиот дом. Во иста мера како додека играат фудбал или возат ролерки. Ќе бидат седум дена во природа. Можни ќе бидат алергиски реакции доколку не се навикнати да си играат на земја, во трева или на песок. Ќе имаат средба со инсекти. Во таа природна средина не се прска против комарци. Меѓутоа, ние ќе бидеме во постојан контакт со вас и секој родител ќе биде информиран доколку забележиме било каков проблем кај неговото детенце. Вие ќе не информирате доколку вашето дете има дури и најмал здраствен проблем и заеднички ќе одлучиме дали е добро да учествува или не. Ќе размислуваме позитивно и нема да ги предвидуваме можните негативни настани, туку ќе уживаме знаејќи дека нашите деца се во сигурни раце и дека уживаат во убавата природа. Во земјите на далечниот исток веруваат дека тоа што треба да се случи, ќе се случи каде и да е, а ние ви ветуваме дека ќе дадеме сè од себе сè да помине во најдобар ред. Вашите најмили ќе бидат во најсигурни раце за време на кампот.

Драги родители,

Иднината на вашето дете е најсериозната и најважната инвестиција што можете да ја направите. Претприемништвото за деца не е само учење на основи за бизнис – тоа е развој на важни животни вештини како креативност, решавање проблеми, лидерство, и самодоверба. Овие вештини ќе ги подготват вашите деца да се соочат со иднината со поголема одговорност и способност да направат разлика во светот.

Инвестицијата во образованието на вашето дете не се однесува само на академски знаења, туку и на неговото емоционално и социјално развојно патување. Претприемништвото им помага на децата да научат како да размислуваат независно, да ги согледуваат можностите во секоја ситуација и да бидат подготвени за идни предизвици.

Запишувањето на програма за претприемништво е значаен чекор кој ќе им помогне на вашите деца да го разберат концептот на труд, упорност и успех. Иднината на вашето дете ќе биде светла ако му дадете можност да ги развие овие вештини и да започне да размислува за идните можности уште денес.

Драги млади прекрасни луѓе, 

Сфатете ја вашата иднина сериозно, затоа што само така ќе можете да ја обликувате според вашите амбиции и цели. Од рана возраст, кога учите за претприемништвото, вие не само што стекнувате важни вештини, туку започнувате да разбирате што значи да бидете иноватори, креативни решавачи на проблеми и лидери. Ова ви помага да изградите силна основа за вашиот личен и професионален успех.

Сериозноста не значи само да се фокусирате на целите, туку и да бидете свесни за патот што ќе го изберете. Претприемништвото подразбира напорна работа, упорност и способност да се учи од неуспесите. Но, тоа е исто така и пат кон лична слобода, можности за раст и дизајнирање на иднината која ќе ви донесе задоволство и успех.

Запишувајќи се на програма за претприемништво, се обврзувате да преземате контрола над вашиот живот и да ги откриете сите можности кои ви се на располагање. Затоа, не чекајте, почнете сега и изградете ја својата иднина со сериозност и посветеност.

УСЛУГИ

1

КАМПОВИ
за сите возрасти

Претприемничките кампови нудат потполно искуство каде што младите иноватори се впуштаат во светот на бизнисот и креативноста. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практични активности, учесниците ги учат основите на започнување и развивање на бизнис. Под водство на искусни ментори, учесниците развиваат вештини за решавање проблеми, способности за лидерство и силен претприемнички менталитет, без разлика дали создаваат производ, дизајнираат маркетинг стратегија или презентираат идеја.

2

РОДЕНДЕНИ

Уникатна услуга за организирање роденденски забави кои се и забавни и едукативни! Со фокус на креативност, тимска работа и иновации, нашите роденденски забави се дизајнирани да ги инспирираат децата додека уживаат во својот специјален ден.

Секоја забава е прилагодена на возраста и интересите на славеникот и неговите гости, со активности кои вклучуваат интерактивни игри, креативни работилници и мини претприемачки предизвици. Просторот на училиштето е опремен за да обезбеди безбедна и инспиративна атмосфера, додека нашиот професионален тим се грижи за целосната организација, од декорации до активности.

3

ДЕТСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПЛАН

Единствена услуга за детски инвестициски план, која е дизајнирана да ги поттикне децата да штедат и да создадат финансиска основа за својата иднина. Во соработка со реномирана финансиска институција, создадовме модел што овозможува отворање на посебен фонд за секое дете, кој ќе се полни со приходите што детето ќе ги заработи во рамки на претприемачката програма. Овој фонд ќе се чува и расте сотекот на времето, додека детето учи како да управува со своите финансии и ги развива своите претприемачки вештини. Средствата од фондот ќе бидат достапни кога детето ќе наполни 18 години и ќе можат да се користат за различни цели, како што се започнување сопствен бизнис, инвестирање во нови проекти, или покривање на трошоците за високо образование.

4

РОДИТЕЛСКИ КРУЖОК
за сите родители и старатели

Нашето училиште во рамки на Родителскиот кружок нуди обуки за родители, водени од врвен психолог и психотерапевт со долгогодишно искуство. Обуките им помагаат на родителите да ги разберат потребите на своите деца, да ги поддржат во градење самодоверба, креативност и претприемачки дух, и да создадат инспиративна средина за нивниот успех. Преку практични совети и интерактивни сесии, родителите стануваат клучни партнери во развојот и напредокот на своите деца.

5

СЕМИНАРИ

Нашето училиште организира семинари на различни теми, осмислени да понудат инспирација, знаење и практични вештини за децата, родителите и младите претприемачи. Темите ги опфаќаат клучните области од личен и професионален развој, како што се креативноста, лидерството, управувањето со време, финансиската писменост, дигиталниот маркетинг и многу повеќе.

Семинарите се водени од искусни предавачи и експерти од различни области, со интерактивен пристап што овозможува активно учество и размена на идеи. Учесниците добиваат практични алатки и перспективи кои можат веднаш да ги применат во своето секојдневие или работа.

6

LittleBig Founders КЛУБ

Ексклузивна заедница за сите учесници кои успешно завршиле некоја од програмите на нашето училиште. Овој клуб претставува место каде што членовите продолжуваат да го надградуваат своето знаење, вештини и претприемачки дух преку дополнителни активности, интерактивни сесии и заеднички проекти.

Клубот работи активно и преку летниот период, обезбедувајќи континуитет во учењето и можност за практична примена на стекнатите знаења како што се тематски работилници, менторски сесии со експерти и тимски предизвици, што дополнително ги поттикнува нивната креативност, критичко размислување и лидерски способности.

ПРОГРАМИ

Stationary photo

1

КЛУБ:  МАЛИ КРЕАТОРИ
за деца од 6 до 9 години

​Забавно патување каде што креативноста се среќава со решавањето проблеми. Преку практични активности, интерактивно раскажување приказни и игра со фантазија, младите умови ќе ги истражуваат основите на претприемништвото, тимската работа, парите, природата и иновациите. Во оваа интересна програма, децата ќе научат да сонуваат големи соништа, да ја изградат својата самодоверба и да развијат основни животни вештини – сето тоа додека се забавуваат создавајќи свои уникатни мини проекти. „Клубот на мали креатори“ е местото каде малите креатори ги претвораат големите идеи во реалност.

2

​КЛУБ: ИДНИ ОСНОВАЧИ
за деца од 10 до 14 години

​Тука, учениците се впуштаат во светот на бизнисот, иновациите и лидерството преку практични проекти, решавање на реални проблеми и тимски предизвици. Учесниците ќе научат како да развиваат идеи, да креираат бизнис планови и да ги презентираат своите концепти, сето тоа додека ги градат своите вештини за критичко размислување, тимска работа и комуникација. „Клубот на идни основачи“ и овозможува на следната генерација лидери да ги претворат своите страсти во успешни проекти и ги опремува со алатки за обликување на сопствената иднина.

3

КЛУБ: МИНИ СТАРТАПЏИИ
за млади од 15 до 18 години

„Мини стартап клуб“ е место каде младите луѓе имаат можност да се впуштат во светот на бизнисот, иновациите и лидерството. Програмата е осмислена за да ги подготви учесниците со вештини и знаења што ќе им помогнат да ги реализираат своите идеи и да ги развијат во успешни проекти. Учесниците ќе научат како да развиваат бизнис идеи, да создаваат детални бизнис планови и да ги презентираат своите концепти пред публика. Темите што се опфаќаат вклучуваат планирање на бизнис, дигитален маркетинг, финансиска писменост, лидерски способности, тимска работа, критичко размислување и решавање на проблеми.

Stationary photo

ПРИЈАВИ СЕ

МЕТОДОЛОГИЈА

Борјана Стојановска

Кога имав 8 години Елена ми предаваше претприемништво во претприемничка програма за деца. Тоа искуство ми ја промени перцепцијата за себе. Сега сум 3та година средно, учам во Америка, верувам дека се' е достижно и се надевам дека ќе бидам успешен претприемач. 
image_edited.jpg
image_edited.jpg

Марија Бургиева

Како учесничка на претприемачката програма за млади каде што предаваше Елена ја добив потребната основа да бидам претприемач на еден иновативен и забавен начин, со квалитетни ментори и можност за посета на едни од најуспешните македонски компании од кои може да се научи многу.
image_edited.jpg

Кјара Тошевска

Од основно училиште слушам дека татко ми е претприемач, ама не знаев што значи тоа. Низ претприемачката програма за деца и млади кај Елена сфатив колку интересна и одговорна работа има и оттогаш сме рамо до рамо во семејниот бизнис. Сега помагам во развој на иновации, нешто што го засакав токму во програмата.
image_edited.jpg

+389(0)70800651

Бул. Партизански Одреди 6/1 Скопје, Македонија

Регистрирајте се на нашиот електронски билтен

Final logo LittleBig Founders BEZ POZADINA FINAL_edited.png
bottom of page